Трамп лани во февруари тврдеше дека ковид-19 ќе го снема во април тековната 2020 година, не годинава
Имаме објава на Фејсбук која претставува комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context) со цел да привлече внимание и кликови. Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, уште на почетокот на минатата година, во февруари, рече дека вирусот ќе исчезне во април, со затоплување на времето, но тоа се однесуваше на април минатата, 2020 година, не на април годинава

Пост на социјалната мрежа Фејсбук, кој содржи видео и многу кратка најава, манипулира со датумот на изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Текстот во постот на агилниот објавувач на слични статуси под прекарот „Мајк Тајсон“, објавен на 24.02.2021 година, станува вирален со бројни интеракции на корисниците преку тврдењето дека Трамп изјавил оти вирусот ќе исчезне најверојатно во април:
ТрампВирусот ке исчезне ,најверојатно Април

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар