ТВ-ДНЕВНИК: Премиерот и баба Ванѓа

Интервјуот на премиерот Никола Груевски во ТВ Дневникот траеше 19 миути. Фото: видео прилог скриншот
Интервјуто на премиерот Никола Груевски во ТВ-дневникот траеше 19 минути. Фото: видео прилог скриншот

 

[Рецензија на ТВ-дневникот на ТВ „Сител“ 22.11.2014]

Саботниот ТВ-дневник кај најгледаниот концесионер на национална фрекфенција на 22 ноември беше карактеристичен, пред сè, по гостувањето на премиерот, по присуството на теми од религијата и од надземното, по парцијална обработка на теми „зададени“ со претходната прес-конференција во Владата на РМ и од нејзиниот портпарол.

 

Пишува: Љубомир Костовски

 

Првиот ден за викенд во програмскиот сет на оваа национална телевизија е карактеристичен по тоа што гледачите, кои го сочинуваат главниот корпус на обожувачи на турските серии, можат да одмораат. Оттаму уредништвото може, пак, послободно да се посвети на другите програмски можности што ги нуди малиот екран, па секако и на политичкиот сегмент, односно правењето вести и неделни коментари, осврти и погледи на деновите кои поминале.

Саботниот ТВ-дневник кај најгледаниот концесионер на национална фрекфенција на 22 ноември беше карактеристичен, пред сè, по гостувањето на премиерот, по присуството на теми од религијата и од надземното, по парцијална обработка на теми „зададени“ со претходната прес-конференција во Владата на РМ и од нејзиниот портпарол. Последниов, дури, учествуваше со своите вметнати одговори на некои теми како единствен „аналитичар“ за прашањата кои потоа ги покрило со прилози уредништвото на оваа телевизија.

Прва и ударна вест беше петочното апсење на ексградоначалнкот на Охрид, речиси очекувано, иако не и сосема оправдано – прилогот од траење од 1:54 минути немаше ништо ново, туку како да имаше цел да ја држи темата актуелна, односно да го потсетува народот дека имало апсење, кое е обвинението, без ниту една реакција од контрастрана, иако такви имаше!

ohrid09876-098-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: 30 дена притвор за Александар Петрески, поранешен градоначалник на Охрид

ohrid09876-098-dolu-001

На централните вести гостувањето на премиерот зазеде половина од прилично продолжениот термин на вестите. Гостинот дојде во 19.10 часот, а замина од студиото во 19:29, додека вестите траеја до 20 часот. Јасно е дека должината на траењето на такво гостување треба да има и соодветно времетраење, ама, секако, не во толкав обем и со таква содржина (структура), бидејќи значеше скусување на гледачите од можност да чујат вести од поширок круг на интерес (надворешна политика, свет, спорт). Траењето на гостувањето само ја разголе потребата од непостоење на други информативни емисии, како на оваа, така и на другите телевизии (освен на ТВ „24 Часа“). По правило, вакви гостувања „сред вести“ треба да бидат поврзани само со едно прашање, но не и за пет-шест, и треба да отворат можност за дебата во таков случај. Да не се заборави дека од телевизиите и треба да се очекува за политиката на власта да се говори и низ широки, дебатни емисии, со присуство на различни мислења, а не да бидат „гол микрофон“ за себефалби на премиерот.

grujo09876-098-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: Груевски: Државниот испит значи „да“ за знаење, стоп за купени дипломи

grujo09876-098-dolu-001

Никола Груевски одговори на прашањата на уредникот и водител за студентските протести, па за снабдувањето на земјава со гас, па за странските инвестиции, за „бомбата“ на Заев и за првиот човек на ИВЗ и за неговиот политички есеј. Немаше полемика, Николовски дури насочуваше како премиерот треба да одговори и веднаш кажуваше дека тој однапред се согласува со очекуваниот одговор , што сè на сè – според социјалните мрежи, натера некои гледачи да се вратат на по малку здодевниот пренос на англиското дерби Арсенал – Манчестер јунајтед.

Пред гостувањето на премиерот одеше и прилог за испитите на студентите – кои не биле екстерни, туку државни со многу индикативен наслов и практично со претворање на темата во „претсобје“ за гостување на првиот човек на Владата. Овој прилог одеше и во вестите емитувани во 16 часот, значи тој прилог веќе беше потрошен, можеби и заради несигурноста дали премиерот доаѓа во студиото или не, а премиерот се извини дека не успеал да го гледа (!).

drzaven-ispit-09876-0987-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: Државниот испит во корист на тие што чесно се борат за диплома и стекнување знаење

drzaven-ispit-09876-0987-dolu-001

Вториот прилог со централно место и необјасниво траење (од професионален аспект) е оној емитуван од една чешма во струмичко Ново Село. Истиот траеше 5:13 минути, а треба да се каже дека рекламниот видеоспот за серијата за видовитата Ванѓа имаше само една минута и десеттина секунди! Ова треба да се напомене бидејќи прилогот е практично една голема и недозволиво долга реклама за своја играна програма во ударно место, каде има простор само за прилози од поинаков карактер! Дури, може да се рече дека ваквата форма на уфрлување прилози за видовити луѓе е недозволена. Еднаш овде веќе говоревме за правилникот на британското тело, соодветно на нашиот Совет за радиодифузија (сега кај нас Агенција), кој ваквите прилози ги дозволува, ама во навистина „ќораво време“.

Vangja-prilog-09876-098-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: Сител ексклузивно од местото на кое баба Ванѓа станала видовита

Vangja-prilog-09876-098-dolu-001

Но, што да се прави кога двете најгледани телевизии во земјата постојано во централните вести говорат за вонземјани во Кичево, за комети што јурат кон Земјава и за кои владее паника во НАСА…. Најголем дел од таквите „сензации“ беа чиста измислица, ама казни немаше, ниту тие телевизии се извинија на гледачите!
Во „овоземните“ вести да го споменеме прилогот за садењето дрва во Чашка од страна на АРМ, кој беше означен како почеток на годинешната акција „Ден на дрвото“.

arm-den-drvo-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: АРМ ја отвори 14. акција „Ден на дрвото“

arm-den-drvo-dolu-001

Овој прилог е само една бесмислена пропаганда, бидејќи, „Денот на двото“ едноставно пропадна, а октомври е рокот кога се вршат (дозволиви) садења и тој одамна е зад нас! Ни самиот новинар не знаеше кога и како ќе почне оваа акција, иако Нова година е пред врата …

Не помалку пропаганден е прилогот и за градинките, 20 на број, кои ги изградила власта за шест месеци. Прилогот нема ниту еден основен параметар (колку деца имаат потреба од овие установи, дали се некаде вишок, а некаде кусок, зошто во претходните осум години не е изградена ниту една ваква установа…), но се користи појавата на портпаролот на Владата, за кого говоревме погоре.

gradinki-09876-098-gore-001

gradinki-09876-098-dolu-001

И прилогот за тематската конференција на владејачката партија (секцијата на жените во АРМ ) и на маршот низ улиците на Скопје како една антиабортус-акција, е монтиран така да не се види малото присуство на граѓани во поворката (реално најголем дел од тие што дојдоа беа малолетни деца!), како и да не се види очајно малубројната публика во Домот на АРМ.

protiv-abortus-09876-098-gore-001

ТВ-ПРИЛОГ: Марш против абортус и трибина за здрава бременост и безбедно мајчинство

protiv-abortus-09876-098-dolu-001

Голем простор доби активноста на МПЦ во Ченто – ставањето темели за нова црква (траење 1:24). Но, треба а се спомене следниот прилог – за институтот уставна жалба кој се готви во рамките на уставните промени во Собранието а кој, според новинарката, треба да ги спречи прекумерните тужења во Стразбур. Без да се навлегува во самата вест, за која секако има зошто и да се полемизира, како и со самиот институт, само да се задржиме на крајот, кога новинарката ќе констатира дека судските реформи во земјава дале резултат и граѓаните во Стразбур не се жалеле за ситуации и пресуди по 2006 година! Ова е една од голема невистина. Да се сетиме само на жалителите за предмети од областа на лустрацијата, потоа за долгиот притвор (деновиве е актуелен случајот со Велија Рамковски) и низа други.

Мора да се спомене дека заради фактот што премиерот „го изеде“ ТВ-дневникот во 19 часот, во претходните вести имаше мини-интервју со министерот за здравство за неговите успеси во наградување на лекарите (!), а прилог кој го „потврдуваше“ тоа, исто така, одеше во „пакет“.

Не е јасно каков е впечатокот на оние гледачи кои постојано ги следат вестите од она што го прават уреднициге и соработниците на оваа телевизија, ама во Владата секако треба да ги пофалат.

 

Напомена: Најавната шпица на ТВ-дневикот е со постар датум – од 2008 година. Од достапните извори на интернет не можевме да најдеме понова.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција