Вакцината против голема кашлица е безбедна, над 180 милиони дози се дистрибуирани ширум светот
Единствените луѓе кои зборуваат за некакво криење на бројот на починати како последица на вакцинирањето, е мала група на луѓе кои шират теории на заговори. Во секоја држава вклучително и во нашата, евентуалните несакани ефекти се пријавуваат во одделот за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства. Вакцината против пертусис што се администрира кај нас е француска, од фармацевтскиот гигант Санофи Пастер и е дистрибуирана во 180 милиони дози ширум светот. Пред да биде одобрена, поминала бројни клинички тестирања кои го потврдиле нејзиниот поволен безбедносен профил. Од вакцината не се умира, ама пертусис или голема кашлица, може да предизвика смрт кај бебињата

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од изјава на професор доктор Драган Даниловски и пишува:
Видете, да, вистина е, не се лажете: тој уште за вакцини зборува. Додека цел свет зборува за криењето на бројот на починати како последица од ваксувањето. Се ќе се обелодени.
Со кој памет и срце родителите не си ги вакцинираат децата и ризикуваат да се задушат од кашлање.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар