ВМРО-ДПМНЕ: 145 училишни спортски сали
Ќе продолжиме со изградба на спортски сали во училиштата со цел да ги унапредиме училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците. Овој проект опфаќа изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и тоа 30 во средните училишта и 115 спортски сали во основните училишта. Досега се пуштени во употреба 9 сали, а до крајот на 2011 година се очекува да се пуштат во употреба уште 13 сали. Планирано е до крајот на 2011 година да бидат пуштени во употреба или отпочнати со градба 68 сали во основните и во средните училишта. До крајот на 2014 година е предвидено да се реализираат сите 145 спортски сали во основ-ното и во средното образование. Со проектот Изградба и опремување на 145 спортски сали, придобивка во смисла на обезбедени услови за спорт ќе имаат вкупно 110.000 ученици во основни и средни училишта.Средствата ќе се обезбедат од буџетски извори и меѓународни финансиски институции. Предвидени се 115 спортски сали за изградба во основни училишта и 30 спортски сали за изградба во средни училишта. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 4,2 милијарди денари. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Образложение: Министерството за образование и наука за потребите на проектот 145 училишни спортски сали, во Април 2012 година распиша конкурс за прием на стручни лица. Конкурсот е достапен на страната на Министерството за образование и наука. [Ажурирано на: 04.05.2012]
Во Отчетот за сработеното на Владата од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Образованието – Клучен фактор за напредокот на земјата“, за проектот „145 училишни спортски сали“ е наведено:
Во тек е реализацијата на Проектот за изградба на 145 училишни спортски сали. Во периодот од 2011 до 2014 година се изградени 26 спортски сали. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Со оглед на изборните проекции и рокови за Проектот „145 училишни спортски сали“, ова ветување е неисполнето
Линкови:
- Министерството за образование и наука, за потребите на Проектот 145 спортски сали распишува: ОГЛАС За прием на стручни лица за следните позиции [Пристапено на: 04.05.2012]
- Отчет 2011-2014: Образованието – Клучен фактор за напредокот на земјата [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар