ВМРО-ДПМНЕ: 6 пазари на големо и 8 добиточни пазари
Ќе обезбедиме поддршка за отворање и доизградба на 6 пазари на големо и 8 добиточни пазари распределени во секој од планските региони. Финансиската поддршка од страна на државата ќе биде обезбедена по принцип на кофинансирање на трошоците на проекти поднесени од единиците на локална самоуправа. [Рок: 2013]
Образложение:
На 17 октомври 2012 година, од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше објавен Повик за доставување на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за користење на средства за финансиска поддршка по принцип на кофинансирање за отворање или доизградба на 6 пазари на големо и 8 добиточни пазари. Сепак, според информациите, досега не се отворени нови пазари на големо или добиточни пазари, единствено во процес на изградба е нов добиточен пазар во Кривогаштани. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е 2013 година, а досега не се отворени нови пазари на големо или добиточни пазари, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 12.04.2014]
Линкови:
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (17.10.2012): Повик за доставување на Писмо за интерес за учество на јавен оглас за користење на средства за финансиска поддршка по принцип на кофинансирање за отворање или доизградба на 6 пазари на големо и 8 добиточни пазари. [Пристапено на: 12.04.2014]
- Плус Инфо (17.07.2013): Државата поттикнува изградба на добиточни пазари. [Пристапено на: 12.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар