ВМРО-ДПМНЕ: Акредитација на агенција за плаќање

Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ покрај дефинирањето на националната стратегија и планот за рурален развој е акредитација на агенцијата за плаќање (која ќе ги администрира и мерките за директна помош – директните плаќања) и која треба да биде целосно функционална и акредитирана за извршување на активностите најдоцна до почетокот на 2009 година.

Образложение:

На 11 јуни 2007 година, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за основање Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од 19.12.2009 година Европската комисија носи одлука за пренесувањето на правото на Република Македонија за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција