ВМРО-ДПМНЕ: Армијата за граѓаните
АРМ ќе се вклучи во граѓански проекти во соработка со општините и со другите државни институции: Ќе ги исчистиме крајбрежните појаси на вештачките езера во Република Македонија по примерот на чистењето на Преспанското Езеро; Ќе продолжиме со активности на отворени денови на единиците на АРМ, активности со припадниците од Гардата и Воениот оркестар и сл.
Образложение:
Нема информации дека Армијата на Република Македонија се има вклучено во активностите за чистење на крајбрежните појаси на вештачките езера во Република Македонија. Дополнително, овој проект воопшто не е споменат во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. Од ова може да се заклучи дека овој дел од ветувањето не е исполнет.
Армијата на Република Македонија организираше отворени денови на единиците на АРМ и оствари поголем број на активности во кој беа вклучени припадниците од Гардата и Воениот оркестар. Овој дел од ветувањето е исполнет.
Со оглед на тоа дека едниот дел од ова ветување е исполнет, а другиот не, ветувањето се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Радио Канал 77 (06.06.2013): Воениот оркестар на АРМ со концерти вечерва во Битола а утревечер во Прилеп. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Телевизија Спектра (20.06.2013): Дефиле и концерт на Воениот оркестар на АРМ во Струга. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Web Ohrid (21.06.2013): Низ Охрид продефилираа гардистите на АРМ и Воениот оркестар. [Пристапено на: 04.04.2014]
- А1On (07.11.2013): Во Струмица концерт на Воениот оркестар на АРМ. [Пристапено на: 04.04.2014]
- А1On (17.12.2013): Новогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Точка (18.02.2014): Отворен ден со “волците” и “ренџерите” на АРМ. [Пристапено на: 04.04.2014]
- Сител Телевизија (19.02.2014): Отворен ден за граѓаните – полкот за специјални операции на АРМ одбележува 20 годишен јубилеј. [Пристапено на: 04.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар