ВМРО-ДПМНЕ: Автопат Скопје – граничен премин Блаце

Со изградбата на оваа делница автопатски ќе се поврзе Скопје со границата со Република Косово. Трасата почнува од Обиколницата на Скопје и се движи кон границата со Косово кај Блаце. Патниот правец е со вкупна должина од 13 километри и претставува дел од главната рута од Скопје до Приштина. Вкупната ширина на патот е предвидено да биде 27,4 м и тоа две коловозни ленти со по две сообраќајни ленти во еден правец по 3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м, како и разделна лента помеѓу двата коловоза. Вкупната вредност на проектот е 69 милиони евра. Изградбата на овој патен правец е дел од проектот за давање на патиштата под концесија. Доколку постапката за концесија во која е опфатена и оваа делница не биде успешна т.е. не се добијат добри финансиски понуди, за изградба на делниците ќе се бараат други алтернативни начини на финансирање. [Рок за изградба: 2013-2018 година*]

Образложение:

Во текот на месец јануари 2014 година, беше најавена изградбата на автопатот Скопје- граничен премин Блаце.

Со изградбата според најавеното се очекува да се започне по предвремените парламентарни избори.

Ветувањето не е исполнето, но поради тоа што рокот за исполнување е после редовниот мандат на владата тоа се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција