ВМРО-ДПМНЕ: Автопатско поврзување меѓу Куманово и Крива Паланка

Патниот правец Крива Паланка-Романовце е со вкупна должина од 60 километри. Поделен на две делници, и тоа: Романовце до Страцин со должина од 35 километри и Страцин до Крива Паланка со должина од 25 километри. Трасата на автопатот на овој потег започнува од западниот влез на Крива Паланка и продолжува кон север сè до Страцин, потоа кон југ и исток од Куманово за да се сретне со постојниот автопат со патарина, M-1 јужно од Романовце. Автопатското решение предвидува изградба на коловоз со по 2 ленти со ширина од3,75 м и по една застанувачка лента со ширина од 2,5 м во секој правец. Вредноста на проектот е близу 273 милиони евра. [Рок за изградба преку концесионирање: 2013 – 2018, pок за рехабилитација, надградба и проширување: 2014 – 2015]

Образложение:

Нема информации за исполнување на ветувањето.

Бидејќи рокот на исполнување го надминува и регуларниот мандат на Владата (2015 година), ветувањето се оценува како недоследно.

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција