ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатно болничко лекување за пензионери сместени во болниците и клиниките

Ќе ја укинеме партиципацијата за болничкиот третман т.е. болничко лекување за пензионери сместени во болниците и клиниките, доколку нивната пензија е пониска од просечната во Република Македонија (во моментов 10.200 денари). На тој начин преку 100.000 пензионери ќе можат да добијат бесплатно болничко лекување додека се сместени во болниците и клиниките коишто имаат договор со ФЗОМ. [Рок: 1 jануари 2012 година]

Образложение:

Нема информации, ниту најави за напредокот на ова ветување.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција