ВМРО-ДПМНЕ: Билатерална и Мултилатерална соработка
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2011-2015 година, согласно со финансиските можности, ќе ги разгледа опциите дополнително да ја прошири дипломатската мрежа со амбасади во Токио (Јапонија), Бразилија (Бразил), Астана (Казахстан), како и конзулат во Перт (Австралија). Водена од истите цели, Владата ќе се заложи за добивање на набљудувачки статус на Република Македонија во Организацијата на американските држави, мултила-терален форум каде членуваат огромното мнозинство на земји од Јужна Америка. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Заклучно со март 2014 година, според информациите од Министерството за надворешни работи, не се отворени нови амбасади во Токио, Бразилија, Астана, како и конзулат во Перт. [Ажурирано на: 02.04.2014]
Во мај 2011 година Република Македонија доби постојан набљудувачки статус во Организацијата на американските држави. [Ажурирано на: 02.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Министерство за надворешни работи: Претставништва на РМ во странство. [Пристапено на: 02.04.2014]
- Highbeam.com (18.05.2011): Мacedonia Becomes 66th OAS Permanent Observer. [Пристапено на: 02.04.2014]
- Organization of American States: Permanent Observers. [Пристапено на: 02.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар