ВМРО-ДПМНЕ: Борба против дискриминацијата
Ќе ја зајакнеме борбата против сите форми на дискриминација преку спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и формираната комисија за заштита од дискриминација.
Образложение:
Во насока на зајакнување на борбата против дискриминацијата, изработена е Национална стратегија за еднаквост и недискриминација по основа на етничка припадност, возраст, лица со ментална и телесна попреченост и пол 2012-2015 година. Според информациите, преземени се повеќе активности во насока на исполнување на ова ветување меѓу кои и: потпишан е Трипартитен меморандум за соработка за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, реализирана е обука за законската рамка за антидискриминација на околу 320 лица од единиците за локална самоуправа, воспоставена е мрежа на обучени лица од невладини организации и од институциите како дел од проектот „Еднакви можности за сите“, изработен е прирачник за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, итн. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]
Линкови:
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија: Национална стратегија за еднаквост и недискриминација по основ на етничка припадност,возраст, ментална и телесна попреченост и пол 2012-2015. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Проект Еднакви можности за сите. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Прирачник за ефективна имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација. [Пристапено на: 09.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 09.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар