ВМРО-ДПМНЕ: Централизација на инспекциите
Ќе спроведеме проект за координација на активностите на сите инспекторати преку едно централно тело, заради поголема ефикасност и избегнување на чести и некоординирани посети на фирмите. [Рок: декември 2012 година]
Образложение:
По пребарување на темата на ветувањето, не се најдени никакви информации. Ова ветување не е спомнато ни во Отчетот и поради тоа се оценува како неисполнето.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар