ВМРО-ДПМНЕ: Чистење на водотеците и мрежите за наводнување
Ќе обезбедиме чистење на најмалку 60 километри водотеци и мрежа за наводнување и одводнување годишно согласно со повеќегодишен план за заштита на земјоделските површини од поплави со цел подолгорочно планирање на активностите. Носител за чистењето на каналите за одводнување е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека за каналите за речните корита е Министерството за животна средина и просторно планирање. Годишниот износ за активностите е 30 милиони денари. [Рок: 2012 – 2015]
Образложение:
Во текот на изминатиот период, неколку пати на различни локации во Р. Македонија, беше спроведена акција за чистење на водотеците и на каналите за наводнување. Беа исчистени одводните канали во Општина Илинден, се чистеше речното корито на реката Вардар, каналите во Општина Охрид и во околните населени места.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Успешно реализирана акцијата за чистење на речните корита и канали [Пристапено: 06.04.2014]
- OKTA донираше 600.000 денари за уредување и чистење на одводните канали во општина Илинден [Пристапено: 06.04.2014]
- Чистење на отворените канали и кејот на река Вардар [Пристапено: 06.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар