ВМРО-ДПМНЕ: Дентален туризам

Ќе го поддржиме развојот на денталниот туризам преку изработка на програма во рамките на идната Македонска национална туристичка организација во соработка со Здружението на стоматолози, која ќе содржи промотивен материјал за стоматолошко-туристички пакети примамливи за странските посетители од регионот. Активно ќе ги промовираме условите кои ги нудат денталните ординации во Македонија во специјализирани кампањи во странски медиуми. [Рок: континуирано]

Образложение:

Од страна на Владата на Република Македонија е донесена одлука за имплементирање на повеќе мерки за заживување на денталниот туризам. [Ажурирано на: 04.07.2012]

На 28 октомври 2011 година Министеството за здравство најави дека ќе воведе мерки за привлекување странски туристи да се лекуваат на скопскиот Стоматолошки клинички центар. За развивањето на денталниот туризам први целни групи се пациентите од Северна Грција и Косово. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Во почетокот на 2012 Министерството за здравство почна кампања за промоција на денталниот туризам во Мкаедонија. На граничните премини во Гевгелија и на влезот во Косово се поставени билбирди и се делат флаери со кои се рекламираат стоматолошки услуги. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Дел од охридските стоматолози  сметаат дека денталните услуги треба да се презентираат на туристичките саеми во европските земји  [Ажурирано на: 12.04.2014]

Изминатиот период се покренати активности во насока на презентација на денталниот туризам, сепак, засега нема информации за некаков исчекор на ова поле. Така што, ветувањето „дентален туризам“ е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција