ВМРО-ДПМНЕ: Дигитализација на аудиовизуелното културно наследство

Во филмската архива на Кинотеката на Македонија се чува целокупната македонска филмска продукција започнувајќи од филмовите на првите сниматели на Балканот, браќа Манаки, па сѐ до денешната филмска продукција, која содржи повеќе од 15 000 филмски копии. Преку дигитализацијата на богатиот аудио-визуелен материјал, ќе се овозможи и поттикне широка достапност и презентација на културното наследство на Република Македонија. Буџет: годишно од буџетот на Министертсвото за култура ќе се издвојуваат по 2 милиона денари. Носител: НУ Кинотека на Македонија. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Дигитализацијата на богатото културно наследство е проект на Министерството за култура кој започна да се реализира во 2011 година. Во 2011 година е дигитализирана филмската збирка на Столе Попов, а во 2012 филмската збирка на Браќата Манаки.

По дигитализацијата на овие два големи проекти промовирани се и ДВД ја со нивното филмско творештво.

Според информациите со очекува бројот на дигитализирани аудиовизуелни творештва да биде се поголем, а во 2014 година се очекува дигитализација на бројни режисери од домашното филмско творештво.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција