ВМРО-ДПМНЕ: Дигитална презентација на целокупниот туристички потенцијал на земјата
Подготовка на дигитална презентација на целокупниот туристички потенцијал на земјата, која ќе биде достапна преку вебстраниците на сите релевантни туристички организации, како што се АТАМ, ХОТАМ, туристичките агенции, хотелите и други здруженија. Носител: Македонската национална туристичка организација во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. [Рок: декември 2012]
Образложение:
Според информациите, сè уште не е изработена дигитална презентација на целокупниот туристички потенцијал на Р. Македонија. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е изминат, ветувањето се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 24.04.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар