ВМРО-ДПМНЕ: Дневни центри за стари и изнемоштени лица

Во периодот 2011-2015 ќе отвориме дополнителни четири Дневни центри за стари и изнемоштени лица и тоа два во Скопје (Илинден и Гази Баба) – Рок: 2012, Неготино – Рок: 2013 и Вевчани – Рок: 2014. Носител: Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа.

Образложение:

На 10.06.2012 во Скопје беа отворени два дневни центри за дружење  на лицата постари од 65 години. [Ажурирано на: 11.06.2012]

Во март 2013 година отворен е Дневен центар за стари и возрасни лица во општина Вевчани. [Ажурирано на: 23.04.2013]

Во феруари 2014 е реновиран Дневниот центар за стари лица во Маџари (Општина Гази Баба) [Ажурирано на: 06.04.2014]

На 17 март 2014 година е отворен Дневен центар за стари лица во Тимјаник – Неготино [Ажурирано на: 06.04.2014]

Со оглед на ова може да се каже дека ветувањето: „Дневни центри за стари и изнемоштени лица“ е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција