ВМРО-ДПМНЕ: Доделување на национални пензии согласно со измените на Законот за култура
Министерството за култура од јануари 2012 ќе започне со доделување на национални пензии на истакнати уметници и други стручни работници кои ќе ги исполнат условите и критериумите пропишани во измените на Законот за култура [Рок: Јануари 2012 година]
Образложение:
Првите 40 решенија за национални пензии се доделени на 3 март, 2012 година. Дадениот рок за исполнување на ова ветување е јануари 2012 година. Ветувањето е остварено, но не во зададениот рок
Линкови:
- Министерство за култура (03.03.2012). Доделени првите решенија за национални пензии. [Пристапено на: 26.03.2012]
- Дневник (04.03.2012). Доделени првите национални пензии за заслужни уметници. [Пристапено на: 26.03.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар