ВМРО-ДПМНЕ: Доделување на титула „национален уметник“

Во согласност со Законот за национален уметник, секоја година претседателот на државата ќе доделува по една титула национален уметник, како највисоко признание од областа на културата на уметници кои дале врвен придонес во градењето и во унапредувањето на културата и уметноста во Република Македонија. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Титулата за Национален уметник започна да се доделува во 2011 година и веќе 3 години по ред се доделува како највисоко признание од областа на културата на уметници кои дале врвен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста во Република Македонија.

Во 2011 година, титулата национален уметник ја доби Симон Трпчески, во 2012 година режисерот Милчо Манчески, а во 2013 година Есма Реџепова.

Линкови:


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција