ВМРО-ДПМНЕ: Документ менаџмент систем
Ќе продолжиме со имплементација на системот – софтвер за персонален менаџмент и целосна имплементација на Системот за управување со документи (Документ менаџмент систем) за работа со класифицирани и некласифицирани податоци во насока на зголемување на степенот на ефикасноста при работењето на Министерството за одбрана и на Генералштабот на Армијата.
Образложение:
Според информациите од Министерството за одбрана на Република Македонија имплементиран е Системот за управување со документи (Документ менаџмент систем), кој се состои од два система: ДМС Меридио и ЕРДМС. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]
Линкови:
- Министерство за одбрана на Република Македонија (07.03.2012): Одржана тркалезна маса на тема „Република Македонија, регионот и евроатлантските интеграции“. [Пристапено на: 04.04.2014]
- ВМРО-ДПМНЕ: Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар