ВМРО-ДПМНЕ: Државен инспекторат за труд
Во следниот период: Продолжуваме со координиран, динамичен и професионален инспекциски надзор, како самостоен така и во соработка со други инспекторати и државни органи; Продолжуваме со хармонизација на легислативата со европското законодавство со цел унапредување на правата и обврските на работодавачите и работниците; Ќе создадеме база на податоци за квалитетно, професионално и ажурно следење на работодавачите и работниците од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа. [Рок: 2011]
Образложение:
Ова ветување може да се оцени како делумно исполнето. Донесени се измени и дополнувања на Законот за работните односи и на Законот за безбедност и здравје при работата. Од друга страна, не постојат јавно достапни информации дека е создадена база на податоци за квалитетно, професионално и ажурно следење на работодавачите и работниците од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа. [Ажурирано на: 25.04.2012]
Линкови:
- Pravo.org.mk: Закон за работни односи. [Пристапено на: 25.04.2012]
- Pravo.org.mk: Закон за безбедност и здравје при работа. [Пристапено на: 25.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар