ВМРО-ДПМНЕ: Државно земјиште на плодоуживање

Ќе доделуваме државно земјиште на плодоуживање. Со цел вработување на социјално необезбедени категории население, најмалку еднаш годишно ќе биде објавена програма за давање на државно земјиште на пет години без закупнина. Сега со обезбедените законски измени во 2011 година плодоуживателите и по рокот од пет години можат да го продолжат користењето на ова земјиште по многу поволни услови. Доделувањето на земјиштето ќе биде придружено со пакет на финасиска поддршка од мерките од програмите на МЗШВ (поддршка на влез во социјалното осигурување обезбедување на средства за започнување на агро-бизнис, субвенционирани кредити итн.). [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Првиот јавен повик за доделување на државно земјиште на плодоуживање на социјално необезбедени категории население беше објавен во август 2012 година.

Од август 2012 до крајот на јануари 2014  објавени се повеќе  јавни повици  за доделување на државно земјиште на плодоуживање на социјално необезбедени категории население.

Јавните повици се објаввени врз основа на Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица.

Во мај 2013 година  министрите за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и за труд и социјална политика Спиро Ристовски, информираа дека земјоделско земјиште во државна сопственост со површина од 731 хектари 61 ар и 66 метри квадратни во 21 регион ќе биде дадено на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица. 

На истата прес-конференција  (мај 2013 година) беше соопштено дека на претходните два огласа кон крајот на 2012 и почетокот на 2013 година, на плодоуживање биле доделени 98 хектари државно земјоделско.

Имајќи го предвид сето ова може да се каже дека ветувањето: „Државно земјиште на плодоуживање“  е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција