ВМРО-ДПМНЕ: Е-Избори

Воведување на систем каде што на наредните парламентарни, локални или претседателски избори, доколку се постигне политички договор, граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас преку Интернет со користење на електронски дигитален потпис од кој било крај на светот. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 1,95 милиони евра. [Рок: јуни 2014]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година, не е воведен систем преку кој граѓаните би можеле да го остварат своето право на глас преку Интернет. Нема ниту најави дека во скоро време би можело да се имплементира еден ваков систем. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 01.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција