ВМРО-ДПМНЕ: Едношалтерски систем за доброволна ликвидација на фирма

Ќе овозможиме забрзана постапка за доброволно затворање на фирма, која ќе овозможи брза, ефикасна и економична доброволна ликвидација. Ќе предвидиме побрза постапка за бришење на друштвата што немаат ненамирени побарувања. Доколку ликвидаторот утврди дека нема пријавено побарувања по истекот на 30 дена од денот на последната објава за ликвидација, друштвото ќе се брише од евиденција во рок од 7 дена. Во рамки на Регулаторната гилотина ги скратуваме роковите за објавување на постапка за ликвидација: наместо од 15 до 30 дена, да се објавува во рок од 7 до 15 дена. Роковите за повикување на доверителите да ги пријават своите побарувања ќе се преполоват од сегашните 60 на 30 дена. Истовремено ќе воведеме рокови од неколку месеци во кои ќе треба да се заклучи постапката за ликвидација и да се намират доверителите, по што друштвото веднаш се брише од трговскиот регистар при Централниот регистар.

Образложение:

Горенаведените ветувања се остварени.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција