ВМРО-ДПМНЕ: Едукација на менаџерите во туризмот

Посебен акцент ќе ставиме на едукацијата на менаџерите во туризмот, кои мора да бидат основни двигатели на целиот бизнис и организацијата на работа во хотелите, рестораните, агенциите и сите други компании што вршат туристичка дејност. За таа цел ќе овозможиме соработка со светските тур-оператори каде што секоја година група менаџери од Македонија ќе има можност да помине период од еден месец во практична обука. Носител: Македонска национална туристичка организација во соработка со Министерството за образование. [Рок: 2012-2013]

Образложение:

Според информациите, преземени се повеќе активности во насока на исполнување на ова ветување, меѓу кои и реализација на програмите за едукација, доедукација, обука и тренинзи на менаџерите од областа на туризмот. Дополнително, со проектот на Владата на Република Македонија за практична обука во странство на македонските менаџери беа опфатени и менаџерите од областа на туризмот. Ова ветувањето се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 12.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција