ВМРО-ДПМНЕ: Електронски систем за управување со знаењето
Согласно со светските корпоративни и владини практики, ќе биде развиен систем за управување со учењето (Learning Management System) за јавната администрација. Овој систем ќе претставува основа за континуирано зголемување на знаењата на администрацијата, како и механизам за проверка на квалификациите потребни за секое работно место. За секој службеник ќе се води портфолио на курсеви кои ги положил и знаење кое го поседува. Овие информации ќе бидат предуслов за напредување и наградување на службениците. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 350.000 евра. [Рок: септември 2014]Образложение:
Според информациите овој проект е реализиран. Системот е развиен и пуштен во употреба на интернет-страната e-obuki.mioa.gov.mk. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и администрација (24.12.2013): Информација за прогрес на имплементација на Системот за управување со учењето (LMS). [Пристапено на: 04.04.2014]
- Министерство за информатичко општество и администрација: Е-Обуки. [Пристапено на: 04.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар