ВМРО-ДПМНЕ: Енергетска ефикасност

Ќе подготвиме соодветни измени на Законот за градење за да се пропише задолжително изготвување на студија за енергетска ефикасност во текот на фазата на проектирање на објектот. Ќе го комплетираме Правилникот за енергетска ефикасност на градежните објекти за да се почне процесот на означување на градежните објекти во поглед на нивните енергетски карактеристики. Ќе дефинираме и постапки за енергетски контроли и овластување на енергетски контролори, односно со подзаконски акти ќе пропишеме минимум стандарди, насоки и правила за начинот на кој ќе се вршат овие контроли. [Рок: декември 2012]

Образложение:

И покрај тоа што во ноември 2012 година се донесени измени на Законот за градење, со овие измени не е опфатено задолжителното изготвување на студија за енергетска ефикасност. Дополнително, Правилникот за енергетска ефикасност не е променет од своето донесување во 2008 година. Според тоа, може да се заклучи дека ова ветување не е исполнето. [Ажурирано на: 16.01.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

2 Реакции
  1. Игор :

    задолжителното изготвување на студија за енергетска ефикасност е ставено во законот за градење:

    Член 136

    (3) Инвеститорот е должен кон барањето за издавање на одобрение за градење на нови згради или значителна реконструкција на постојни згради. како составен дел на основниот проект да приложи изјава од правно лице овластено за вршење на енергетска контрола за усогласеност на основниот проект со основните барања на зградата во поглед на исполнување на минималните барања утврдени во Правилникот за енергетски карактеристики за зградите од ставот (8) на овој член.

    ——————————————————-

    А што се однесува до правилникот тој е веќе во процедура и ќе стапи на важност во јуни 2013г.

    1. Ви благодариме Игор на информацијата.

      Тој член е во Законот за енергетика, кој има стапено во сила на 18.02.2011, датум кој е пред добиениот 4 годишен мандат, односно пред пишување на оваа програма. Ветувањето вели дека ќе се извршат измени на Законот за градење, па соодветно ние тоа го оценуваме.

      Во однос на правилникот, дали имате линк до драфт верзијата? Сепак дадениот рок за финализирање е поминат.