ВМРО-ДПМНЕ: Филмски центар

Изградба или адаптација на филмско студио, како и набавка на филмска опрема со цел формирање на филмскицентар со сопствена филмска техничка база. Носител: Министерството за култура. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Иако Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска уште во 2011 година вети дека во Македонија ќе биде изградено филмско студио, а подоцна во 2012 година експерти од Словенија и Србија дадоа препораки до македонските филмски работници за опремата, капацитетот и најсоодветните локации за изградба на  студиото или преадаптирање на простор за истата намена, до денеска се уште нема информации дека е завршена теренската анализа која требаше да биде првата фаза на проектот. Целосната реализицијата на овој проект според ветувањата на владеачката партија беше предвидена за крајот на 2013 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција