ВМРО-ДПМНЕ: Финансиска помош за децата без родители кои студираат

Сите деца без родители и родителска грижа кои по напуштање на домот ќе се запишат на факултет, магистратура или докторат, ќе добиваат по 18.000 денари месечно (за редовно запишаните години) во текот на целото студирање. За децата кои веќе добиле стан од државата, месечниот надомест ќе изнесува 9.000 денари бидејќи не им се потребни средства за кирија за стан. Ова право ќе го користат со почетокот на учебната 2011/2012 година, односно од октомври 2011.

Образложение:

Оваа мерка е предвидена во измените и дополнувањето на Законот за социјалната заштита, донесени во март 2011 година, а се применува од 15 септември 2011 година. Според информациите, досега околу 20 лица го имаат искористено ова право.  [Ажурирано на: 10.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција