ВМРО-ДПМНЕ: Гасификација на Република Македонија
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја утврди следната динамика на реализација на овој проект:
1. Со средства во износ од 67,6 милиони евра, обезбедени од Руската Федерација, ќе се финансира изградбата на делот од приоритетниот магистрален правец Клечовце – Штип – Хамзали – Стојаково – граница со Република Грција. Вкупната должина на овој дел од гасоводниот систем е 169 км, и со неговата изградба ќе биде овозможено Република Македонија да има можност за уште еден приклучок на гасоводниот систем со кракот од Јужни Поток од страна на Република Грција. [Рок на реализација за овој дел од проектот е 2012-2018 година;]
2. Со средства што ќе бидат обезбедени од ЕИБ и ЕБРД, како и со учество од државниот буџет, ќе се финансира изградбата на останатите делови од гасоводниот систем. Поради комплексноста, овој дел од проектот ќе го реализираме во две фази и тоа:
I. Прва фаза во вредност од 85.1 милион евра , со следните правци:
– магистрален правец Скопје – Тетово – Гостивар во должина од 75 км,
– магистрален правец Штип – Неготино – ТЕЦ Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола и РЕК Битола – Кременица – граница со Република Република Грција во должина од 146 км
[Рок: 2012 – 2018]
II. Втора фаза во вредност од 145 милиони евра , со следните правци:
– магистрален правец Гостивар – ТЕЦ Осломеј – Кичево во должина од 38 км,
– дел од приоритетниот дел од приоритетниот магистрален правец Хамзали – Ново Село – Република Бугарија во должина од 24 км,
– Преостанатиот дел на магистралните гасоводи од Националниот гасоводен систем во Република Македонија во должина од 390 км
[Рок: 2018 – 2023]
Образложение:
И покрај најавите дека градежите работи ќе започнат во 2012 година, изградбата на гасоводните системи сè уште чека на реализација. [Ажурирано на: 24.04.2013]
*засега неисполнето
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар