ВМРО-ДПМНЕ: Грижа и заштита на децата од предучилишна возраст

Заради посеопфатно згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, по 20-годишна пауза започнавме изградба на нови детски градинки во повеќе општини (Аеродром, Илинден, Липково). Во следниот период ќе ја завршиме изградбата, а во соработка со локалната самоуправа планираме отворање на дополнителни градинки преку јавно-приватно партнерство на територија на Република Македонија. [Рок: 2011 – 2015*]

Образложение:

Досега е завршена изградбата на новите градинки во општините Аеродром  и Илинден.

На 27 март 2014 министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави:

„Изминатите 12 месеци заедно со новата детска градинка во општина Росоман, отворивме вкупно 15 нови објекти за детски градинки.“

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014 , во делот „Македонија земја на еднакви можности“ е наведено:

Во завршна фаза се градинките во Сарај, во Липково, градинка Праскичка во Росоман и група во други просторни услови во Боговиње..

Имајќи го предвид сето ова, иако се изградени повеќе градинки, сепак, ветувањето е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:                                         

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција