ВМРО-ДПМНЕ: Хармонизација на основиците

Ќе ја завршиме хармонизацијата на основиците за персоналниот данок на доход и придонесите на платите. (Рок крајот на 2009)

Образложение:

Според Вечер:

„Со предлог-законот за придонеси од задолжително социјално осигурување што го усвои Владата на последната седница, направено е намалување и усогласување на минималната основица за плаќање на придонеси на 50 проценти од просечно исплатената плата во земјава. Со ова, даночното оптоварување кај најниските плати се намалува од 42 на 30,2 проценти, додека кај повисоките лични доходи од 36 на 30 проценти. Според министерот за финансии Трајко Славески, намалувањето на минималната основица е значајно за намалување на платниот јаз кај ниските нивоа на плати, каде е највисока невработеноста и сивата економија.“

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција