ВМРО-ДПМНЕ: ХЕ Света Петка (Матка 2)
Со вкупна инвестиција од околу 68 милиони евра, од кои 42 милиони евра кредит од европската банка ДЕПФА и 26 милиони евра сопствени инвестиции на Електрани на Македонија, ХЕЦ Св. Петка ќе биде во функција веќе до крајот на 2011 година. [Рок: 2011]
Образложение:
Иако рокот за ова ветување беше заклучно со декември 2011 година, ХЕ Света Петка (Матка 2) сè уште не е во функција. Според последните информации, градежните работи сè уште не се готови, а новиот рок за пуштање на хидроелектраната во функција е мај 2012 година. [Ажурирано на: 19.04.2012]
Линкови:
- Вечер (14.01.2012): Од ХЕЦ “Св. Петка” до лето ќе потече струја! [Пристапено на: 19.04.2012]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар