ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на двосистемскиот 110 kV далекувод ХЕЦ Вруток – ТС Тетово
Во првата половина на 2012 година, ќе ја довршиме изградба на двосистемскиот 110 kV далекувод ХЕЦ Вруток – ТС Тетово во должина од 33 km, со вкупна инвестиција од 4 милиони евра, со што ќе се овозможи зголемување на доверливоста и квалитетно напојување со електрична енергија на потрошувачите во Полошкиот регион; [Рок: прва половина на 2012]
Образложение:
Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во тек е реализацијата на градежните работи на втората и третата секција од далеководот. Од тоа може да се заклучи дека изградбата на 110 kV далековод ХЕЦ Козјак – ТС Скопје 3 не е комплетирана, иако рокот за тоа веќе е истечен. Според тоа, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 11.09.2012]
Линкови:
- Влада на РМ: Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 11.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар