ВМРО-ДПМНЕ: Изградба на културно-образовен центар во Тетово
Новиот културно-образовен центар во Тетово ќе содржи нова библиотека и нов театар. Со изградбата на овој објект во Тетово ќе се потврдат недвосмислените напори на Министерството за култура за зачувување на непроценливото културно и книжевно богатство што го поседува овој град, а истовремено овој проект ќе биде и одговор на заложбите да се биде во чекор со современите европски трендови во областа на информатичката, библиотечната и театарската дејност. Носител: НУ Центар за култура „Иљо Антевски–Смок“ – Тетово. [Рок: 2015 година]
Образложение:
Овој проект беше дел и од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во периодот 2008-2011 година. Во 2010 година беа презентирани идејните решенија за изградба на центарот. Во февруари 2014 години Центарот за култура “Иљо Антески-Смок“ распишал конкурс за изведувач на проектот за кои се обезбедени средства од буџетот на Министерството за култура. Информациите велат дека проектот треба да се заврши најдоцна до 2018 година, што е 3 години повеќе од дадениот рок во предизборните ветувања.
Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.
Линкови:
- Театарот и библиотеката во Тетово ќе бидат завршени до 2018 година
- Тетово ќе добие нов театар и библиотека
- Како ќе изгледаат театарот и библиотеката во Тетово
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар