ВМРО-ДПМНЕ: Измени во кривичното право
Ќе донесеме нов Закон за кривичната постапка и измени и дополнувања на Кривичниот законик . Во областа на кривичното право ќе овозможиме пренесување на истрагата од надлежност на истражните судии во надлежност на Јавното обвинителство.
Образложение:
Донесен е нов Закон за кривичната постапка кој стапил во сила на 26.11.2010 (http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=5060), измени и доплнување на Кривичниот законик на 04.11.2008, 14.09.2009 и 13.04.2011 (http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=233). Во новиот Закон за кривичната постапка стои дека јавниот обвинител раководи со предистражната постапка, со што се пренесува истрагата во негова надлежност (членови 39-45 на законот за кривичната постапка http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=5060).
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар