ВМРО-ДПМНЕ: Извозен факторинг

Со овој финансиски иструмент ќе им се овозможи на извозно ориентираните компании да ги продаваат своите побарувања на МБПР намалени за одреден дисконт. МБПР во улога на „Фактор“, врз основа на договор склучен во писмена форма ќе ги презема – купува побарувањата од доверителот. Пред МБПР да изврши откуп на побарувањата извозникот ќе мора прво истите да ги осигура кај МБПР. Со имплементирање на факторингот, МБПР ќе придонесе за полесно краткорочно финансирање на компаниите за нивните тековни потреби, со што ќе претставува еден вид акцелератор на бизнис-циклусите што се спроведуваат во извозно ориентираните компании. Предностите од користење на факторингот од страна на македонските компании/клиенти се:  подобрување на нивниот готовински тек, забрзување на нивните бизнис-циклуси, зголемување на нивниот обртен капитал, обезбедување раст и развој на нивниот бизнис. За оваа намена ќе обезбедиме околу 4 милиони евра. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Од ноември 2011 година, воведен е новиот инструмент на Македонска банка, наречен извозен факторинг. На овој начин домашните компании кои извезуваат производи ќе можат парите од извозот да ги добиваат веднаш.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција