ВМРО-ДПМНЕ: Јакнење на свеста и поддршката на жртвите на семејното насилство

Ќе продолжиме со јакнење на свеста и поддршката на жртвите и по потреба ќе отвориме дополнителни засолништа за жртви на семејно насилство во соработка со локалната самоуправа и граѓанските здруженија, како и мрежа на советувалишта за работа со насилниците. [Рок: континуирано]

Образложение:

Во јули 2012 година Владата ја усвои Националната стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 година.

Отворени се повеќе центри за заштита од семејно насилство во: Скопје,Битола,Кочани, Свети Николе и во Гази Баба. Најавено е отворање на нов центар за жртви на семејно насилство во Тиквешијата.

Во рамките на Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје формирано е Советувалиште за работа со сторители на семејно насилство.

Може да се каже дека ова ветување е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција