ВМРО-ДПМНЕ: Кочани-Виница, Делчево – Граница со Бугарија
Со изведба на подобрување на коловозната конструкција со надградба и проширување согласно со теренската поставеност на патот, но и подигнување на нивото на сигнализација на овој потег ќе се подобри и ќе се олесни секојдневната комуникација на жителите од населените места и градови во овој регион и тоа: Кочани, Горни и Долни Подлог, Јакимово, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Зрновци, Мородвис, Видовиште, Теранци, Виница, Трсино, Делчево и Габрово. Вредноста на зафатот за подобрување и проширување на овој потег се планира да биде околу 10 милиони евра. [Рок: 2012 – 2015 година]
Образложение:
Во 2013 година е извршена комплетна рехабилитација на делот од Кочани до Превалец со должина од околу 2 км и вредност од 12 милиони денари, а отпочната е рехабилитацијата на најоштетениот дел од Македонска Каменица до Делчево во должина од околу 7 км и инвестициска вредност од 51 милион денари. Според Отчетот на Владата на Р. Македонија, вредност на проектот изнесува 10 милиони евра, а се очекува овој проект да биде реализиран до 2016 година.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- ЈП за државни патишта инвестира во Источна Македонија [Пристапено на: 07.04.2014]
- Инвестиции во регионалната патна мрежа [Пристапено на: 07.04.2014
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар