ВМРО-ДПМНЕ: Колективен договор за високо образование и наука
Ќе склучиме колективен договор за високо образование и колективен договор за наука. Рок: 2008 година.
Образложение:
На 12.10.2008 година е потпишана спогодба помеѓу министерот за образование и претседателот на СОНК за почеток на изготвување на Колективен договор за високо образование и Колективен договор за наука, но до 18.05.2011 таквиот договор сè уште не е дефиниран ниту потпишан. На веб-сајтот на СОНК на страницата посветена на овој документ стои текстот „Овој колективен договор ќе биде поставен по неговото дефинирање и потпишување.“
Според Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ, стр. 160, ова не е реализирано:
„Ќе склучиме Колективен договор за високо образование и Колективен договор за наука. Чекаме повратни информации од надлежните тела во ви-сокообразовните и научни институции.“
Линкови:
- СОНК. Колективни договори и релевантни информации поврзани со високото образование. [Пристапено на: 18.05.2011]
- Ж.Х.З. Утрински весник. (11.11.2008). СОНК во преговори за колективните договори. [Пристапено на: 18.05.2011]
- ВМРО-ДПМНЕ. (април 2011). Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2006-2011 (ПДФ). [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар