ВМРО-ДПМНЕ: КОМА-центар

Ќе основаме КОМА-центар, во кој ќе бидат комбинирани услуги и соодветен современ третман и нега за пациенти кои подолг временски период се наоѓаат во кома и на долголежечки пациенти, кои поради природата на болеста се принудени подолг временски период да бидат сместени во болница под постојан лекарски надзор. Носител: Министерството за здравство. [Рок: Декември 2013 година]

Образложение:

Основањето на Кома центарот е проект кој Министерството за здравство заедно со владата го ветуваат уште од 2007 година. Прв за реализација на овој проект зборуваше поранешниот Министер за здравство, Имер Селмани во 2007 година. Две години подоцна, исто така сега поранешниот Министер за здравство Бујар Османи, изјави дека голем дел од потребните апарати се веќе однесени во новоформираниот Кома центар кој се наоѓа во склоп на Геронтолошкиот завод во скопската населба Ѓорче Пет¬ров.

Реализацијата на проектот не беше завршена ниту до 2011 година, кога ова ветување повторно се најде во предизборната програма. Рокот за отворање на Кома центарот е до крајот на 2013 година, но реализацијата на истиот сè уште не е завршена, а Министерот за здравство нема излезено со информации за реализацијата на истиот.

Дополнително на страницата на Геронтолошкиот завод, во делот на Организационата структура на заводот, никаде не пишува дека во рамки на истиот постои ваков национален Кома центар, а во информациите кои ги добивме до клиничкиот центар, се наведува дека кома центарот не е отворен и дека пациентите кои се подолго време во кома сè уште се згрижени во клиничкиот центар.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ


 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. Филип Стојановски :

    Со пребарување преку Time.mk најнова вест во која се споменува неотворениот кома-центар е од октомври 2009 година. Од друга страна преку нивната ноотворена архива се наоѓа некоја најава од октомври 2011 година во која се споменува дека ќе имало хигиенска контрола и во кома-центарот.