ВМРО-ДПМНЕ: Кредитно биро
Во соработка со здружението за банкарство, преземавме активности за основање на првото Приватно кредитно биро во Република Македонија, за што веќе ја донесовме соодветната правна рамка. Рок: 2008 година.
Образложение:
Македонското кредитно биро е основано во 2008 г. од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје) која е во сопственост на 15 од 17 банки активни во РМ. Почетокот на неговото оперативно работење е најавуван неколку пати низ годините, последен пат за почетокот на 2011 г. До мај 2011 г. нема докази дека тоа почнало јавно да ги обезбедува услугите за кои е создадено.
Линкови
- Сител. (21.01.2010). Почнува да работи Кредитното биро. [Пристапено на 27.05.2011]
- УСАИД. (12.2010). Македонско кредитно биро. [Пристапено на 27.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар