ВМРО-ДПМНЕ: Лекови на рецепт од 1 до 31 во месецот

Со воведувањето на централизираниот ИТ-систем во ФЗОМ, како и со интегрираниот здравствен информатички систем и електронската здравствена картичка во Р. Македонија се овозможува постепено укинување на квотите нааптеките. Со информатичкиот систем конечно ќе можат да се препишуваат лекови без ограничување во аптеките, а одговорноста за препишувањето ќе биде на матичните лекари како во европските земји. Со укинување на квотите на аптеките ќе овозможиме целосна снабденост на лекови за осигурениците и функционирање на аптеките 24 часа. Носител: ФЗОМ. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Во периодот 2011-2014 година во најголем дел во аптеките се обезбедени лекови на рецепт во континуитет, се намалуваат квотите во аптеките и тие се искористени во најголем дел . Лековите кои не се наоќаат на позитивната листа, за нив не постојат ограничувања , односно достапни се во неограничени количини.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција