ВМРО-ДПМНЕ: Локална патна мрежа и објекти за социјални намени

Ќе кофинансираме проекти за реконструкција или изградба на локална патна мрежа, уредување на јавни површни, патеки, рекреативни објекти и детски и младински културни центри. Годишно ќе бидат реализирани најмалку по 15 локални селски патчиња до 1 километар и најмалку 5 проекти за просторно уредување или реконструкција на објекти за социјални намени. Активностите ќе бидат кофинансирани со висок процент преку владините програми за рурален развој и мерките од програмата ИПАРД. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Во Отчетот за сработеното на Владата на предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Земјоделие, шумарство и водостопанство“ е наведено дека преку Програмите за финансиска поддршка на руралниот развој за 2011, 2012 и 2013 година, исплатени се  вкупно 42 проекти во висина од близу 129 милиони денари, со цел подобрување на квалитетот на живот во руралните средини преку инвестиции во: локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на селата до 5 км,  инвестиции во локална патна инфраструктура (вклучително и мостови) за поврзување на села со регионален пат или со населено место – град во должина до 7км, инвестиции во водоснабдителни и канализациски системи во населени места – села до 1.500 жители.

Според  наведеното во Отчетот локалните патчиња до еден килиметар се „активности во тек“. Односно се вели:

Во текот на 2014 и на 2015 година  ќе  се финансираат вкупно 60 проекти, од кои 25 проекти во инвестиции за изработка на урбанистички планови, 27 проекти во инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици (вклучително и атмосферска канализација и пешачки елементи) до 1 км, како и 8 проекти во инвестиции за изградба или реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини до 30.000 жители. Вкупната вредност на финансиската поддршка за наведените проекти изнесува скоро 345 милиони денари.  [Ажурирано на: 14.04.2014]

Со оглед на тоа, ветувањето: Локална патна мрежа и објекти за социјални намени“, е неисполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција