ВМРО-ДПМНЕ: Медијација

За да се растоварат судовите од големиот број предмети, ќе продолжиме со промоција на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите, а доколку странките склучиле спогодба во постапка на медијација, таа добива својство на судско порамнување, ако за тоа се исполнети условите. [Рок: континуирано]

Образложение:

Во октомври 2012 година, Владата на РМ донесе одлука, почнувајќи од 2013 година, да го субвенционира решавањето на спорови по пат на медијација, со цел да ги стимулира граѓаните почесто да ја користат медијацијата при решавањето на споровите.

На петти октомври 2013 година Владата го усвои текстот на Законот за медијација.

На 27 декември Собранието го изгласа Законот за медијација и тој почна да се применува.

Со оглед на ова може да се каже дека ветувањето: „Медијација“, е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција