ВМРО-ДПМНЕ: Меѓународно основно училиште

„Quot linguas calles, tot homines vales“ – Колку јазици зборуваш, (за) толку луѓе вредиш. Познавањето странски јазици станува основен елемент на модерното живеење и предуслов за економски и опш-тествен напредок во време на глобализација. Во време на глобална конкуренција, не е важен само квантитетот, туку и квалитетот во владеење со странските јазици. Оттука доаѓа и идејата за отворање на Меѓународно јавно училиште, кое ќе биде основано од општината, Градот Скопје, односно Владата на Република Македонија. Наставните планови и програми ќе се остваруваат на некој од светските странски јазици (англиски, германски, француски). Со отворањето на Меѓународно јавно училиште, на учениците ќе им се овозможи брзо и ефективно изучување настранските јазици. Наставниот кадар ќе добие дополнителна едукација за изведување на настава на странски јазик во земји што имаат соодветно искуство. Носител: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование. Буџет: 100 милиони денари. [Рок: септември 2014 година*]

Образложение:

Меѓународно основно училиште кое треба да биде основано од општината, Градот Скопје, односно Владата на Република Македонија како што стои во ветувањето и во кое наставата треба да се одвива на еден од светските странски јазици (англиски, германски, француски) се уште не е отворено. Во 2013 година, две училишта од општините Аеродром и Центар, започнаа да работата по Меѓународната ИБ програма за оделенска настава, но оваа програма во себе не ги вклучува елементите дадени во ова ветување.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линк:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција