ВМРО-ДПМНЕ: Најниски даноци во Европа

Во следните четири години, Република Македонија ќе остане земја со најниски даноци во Европа. Нема да воведеме ниту еден нов данок. Ќе го сведеме на 0% данокот за малите и микропретпријатија-трговци со вкупен годишен приход до 3 милиони денари. Ќе овозможиме избор на даночен режим за малите трговски друштва со вкупен годишен приход меѓу 3 и 6 милиони денари. Ќе го намалиме ДДВ за туристичките услуги од 18% на 5%. Ќе го намалиме ДДВ за суровото масло за јадење од 18% на 5%. Ќе ги намалиме царинските стапки за одделни репроматеријали и производи како поддршка на земјоделството, индустријата, транспортот и на други сектори.

Образложение:

Ветувањето се истражува

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција