ВМРО-ДПМНЕ: Обуката за воведувањето на специјалисти по семејна медицина во РМ

Ќе продолжи обуката за воведувањето на специјалисти по семејна медицина во РМ, со што ќе се обезбеди поголемо знаење, искуство и компетенции, со цел поголем број од потребите на пациентите да се задоволи на примарно ниво без непотребно праќање на пациентите во болниците. Специјалистите по семејна медицина ќе се стимулираат преку договорите со ФЗОМ со повластена капитација и обезбедување на неопходна опрема за спроведување на поголем број здравствени услуги. Носител: Министерство за здравство. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Обуките и консултантите за семејна медицина започнале во 2008 година, кога и е донесена и стратегијата за имплементација на семејната медицина во Република Македонија. Со имплементацијата се поставени активности кои треба да доведат до имплементација на семејната медицина во Република Македонија до 2020 година. На страната на Центарот за семејна медицина можат да се најдат информации за обуките и работилниците.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција