ВМРО-ДПМНЕ: Опремување на кабинети

Во основните училишта ќе се опремуваат од 5 до 15 кабинети, во зависност од големината и бројот на ученици во училиштата. Се спроведува обука на просветните работници со цел и тие да се вклучат во изведбата на наставата и градењето на електронското општество.

Образложение:

23.000 Classmate компјутери се дистрибуирани до основните училишта, додека останатите 27.000 ќе бидат дистрибурани до 2010 год. Целосното воведување на училишни компјутери МИО очекува да биде завршено до јануари 2010.

Во 2010 год. започнаа да се реализираат обуките во основните училишта кои се однесуваат на општата обука за Едубунту софтверскиот пакет, како и обуката за Едубунту за интеграција во склоп на одредени предмети, обуката за ТулКид програмата, како и обуките за ученичките тимови за техничка поддршка за употреба на Едубунту и тенките клиенти. Овие обуки се реализираа во соработка со Проектот за основно образование (ПЕП) на УСАИД. – Употреба на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ (јуни 2010) [Пристапено на: 22.05.2011].

Од 347 централни основни училишта, проектот е реализиран во 303. Во 213 подрачни основни училишта опфатени со проектот опремата е доставена, но не е поставена бидејќи не се создадени предуслови за тоа.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција